Алекс Маркез е победник на последната спринт трка сезонава која се вози за големата награда на Валенсија, како дел од последниот викенд во Мото ГП шампионатот.
Возачот на Гресини на убедлив начин стигна до победата, пред неговиот сонародник и возач на КТМ Педро Акоста. Подиумот го надополни Фабио Диџантонио на ВР46. Бањаја имаше повторно слаба трка и заврши само на 14. место.
Главната трка е закажана за утре во 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

