Алекс Маркез победник на спринт трката на Силверстоун

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, за ​​прв пат во кариерата се најде на највисокото скалило на победничкиот подиум, откако триумфираше на спринтерската трка што се возеше како дел од големата награда на Велика Британија во сезоната во Мото ГП шампионатот.

Маркез славеше на „Силверстоун“ со 366 илјадитнки предност пред Марко Бецеки од тимот на ВР46, а на подиумот им се придружи и возачот на Априлија, Маверик Вињалес.

Трката за големата награда на Велика Британија е утре со почеток во 13 часот.

Се вчитува...