Јувентус вечерва во Торино го пречекува Порто во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите. „Старата дама“ има предност од два гола (0-2) од првиот меч во Португалија, а ова секако се посебни дуели за Алекс Сандро, кој во минатото беше член на португалскиот тим. Тој, сепак, очекува сигурен пласман на својот сегашен клуб Јувентус во следната фаза од елитното европско клупско натпреварување.
„Имам емоции кон Порто, таму минав многу убави години од мојата фудбалска кариера. Но, во фудбалот емоциите се неважни. Јувентус има за цел да стигне далеку во Лигата на шампионите оваа сезона и верувам дека со поддршка од навивачите ќе оствариме уште една победа над Порто“, изјави Алекс Сандро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА