Алекс Сандро во Јувентус до 2023 година

Денот на одигрување на големото дерби со Интер донесе и одлична вест за навивачите на Јувентус, откако Алекс Сандро се согласи да потпише нов договор со актуелниот првак на Италија. Левиот бек имаше договор со Јуве до јуни 2020 година и во изминатиот период беше поврзуван со ПСЖ, Челси, Манчестер јунајтед и со Реал Мадрид, но Сандро ги разреши сите дилеми околу својата иднинa договарајќи ги условите за продолжување на соработката.

Сите детали се веќе средени, тој ќе добие зголемување на платата на четири милиони евра по сезона, а за возврат ќе потпише нов договор со важност до 2023 година.

Со ваквиот развој на настаните пропаѓа и опцијата за доаѓање на Марсело од Реал Мадрид во Јувентус, нешто што беше желба на Кристијано Роналдо, кој беспрекорно соработуваше со бразилскиот лев бек во дресот на „кралевите“.

Се вчитува...