Александар Ѓорѓиески е најновото засилување за Македонија ЃП (ФОТО)

Александар Ѓорѓиески е најновото засилување за Македонија ЃП за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

По Христијан Пецов и Бојан Илиевски, сега Александар Ѓорѓиески е третото засилување пред настапите во УЕФА Конференциската лига.

Ѓорѓиески, кој игра на дефанзивните позиции, претходно беше дел од велешки Борец, а има настапи и за Вардар во младинскиот тим, и за Охрид.

Македонија ЃП досега го напуштија Јован Попзлатанов, Христијан Коцев, Трим Амбари и Љавдрим Фазлиу, а Кристијан Филиповски на 25 години одлучи да ја заврши фудбалската кариера.

Се вчитува...