Александар Кирковски реализираше брзинско искачување на Дуфуршпиц

Mакедонскиот планинар и планински тркач Александар Кирковски на 9 август реализираше успешно брзинско искачување на највисокиот врв во Швајцарија – Дуфуршпиц, 4634 метри. Поаѓајќи од домот Монте Роса на 2880 мнв. во 5 часот наутро до врвот и назад му беа потребни вкупно 4 часа и 28 минути.

Врвот Дуфуршпиц се наоѓа на Пенинските Алпи на границата помеѓу Швајцарија и Италија, а за првпат е искачен во 1855 година. Рутата до врвот има долг пристап со минување по глечери и карпест гребен во завршниот дел, а се искачуваат 1800 висински метри.

Претходно Кирковски во ваков стил има реализирано брзински искачувања на Мон Блан 4810 мнв, Елбрус 5642 мнв, Аконкагва 6962 мнв и други врвови.

Трендот на брзо искачување со минимум на опрема во високите планини се нарекува “скајранинг” и станува популарно во последните 20-тина години, а овој спорт е дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Се вчитува...