Репрезентативниот примач и еден од најдобрите македонски одбојкари Александар Љафтов е нов член на Штип УГД.
Љафтов е роден во Струмица на 15.август 1990 год и е еден од носителите на македонската одбојкарска репрезентација повеќе од 15 години. Во својата енормно богата кариера, тој има настапувано за: Работнички Фершпед, Галатасарај, Рибница Ваљево, Анагениси Деринејас ВЦ, Саут Гас Спортинг, ПТТ Спор, Младост Рибола Каштела, Хебар Пазарџик, Консар РЦМ Равена, Ал Ибтисам, Ал-Васл ВЦ, Струмица, ПАОК Солун, МАВ Елоре Фокскон и Бурган Спорт Клуб.
Александар Љафтов беше една од главните алки на репрезентацијата, која настапи на Европските првенства 2019, 2021 и 2023 година, а со националниот тим има освоено: сребрен медал – Европска лига 2015, сребрен медал – Европска лига 2016, сребрен медал – Европска лига 2017 и сребрен медал – Европска сребрена лига 2021.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
