Александар Васоски нов тренер на Олимпија Љубљана?

Тренерот на Вардар, Александар Васоски, е кандидат за нов тренер на Олимпија Љубљана, дознава ЕКИПА. Има најави дека словенечкиот клуб ова лето ќе се преструктуира, ќе добие нови германски спонзори кои имаат во план да доведат и нов тренер за настапот на тимот во квалификациите од Лигата на шампионите. Еден од најсериозните кандидати да ја преземе функцијата е Александар Васоски, кој оствари одлични резултати со Вардар оваа сезона во Македонија и дефинитивно ја заслужи шампионската титула.

Васоски извлече максимум од составот на Вардар, создаде одличен спој на младост и на искуство, успеа да обезбеди огромна предност пред конкурентите Силекс и Шкендија по 23 кола од македонското првенство. Потоа дојде одлуката за прекин на шамионатот поради повторниот налет на пандемијата на коронавирусот. Вардар е во неизвесна финансиска ситуација, Сергеј Самсоненко одлучи да го врати клубот, но има огромни долгови кон фудбалерите и стручниот штаб.

Олимпија Љубљана е исто така лидер во словенечкиот шампионат. После 26 кола, „змајчеки“ се првопласирани на табелата и имаат пет бода пред Целје и седум пред Марибор.

Се вчитува...