Александре Пато се враќа во Серија А – Бразилецот станува соиграч на Горан Пандев

Бразилскиот фудбалер Александре Пато моментално е пред потпис со калчолигашот Џенова, пренесуваат италијанските медиуми. Тој во моментов е без клуб откако му истече договорот со бразилскиот Сао Паоло.

Пато во Сао Паоло се врати пред нешто повеќе од една година откако две сезони помина во кинескиот Кванџиан. 31-годишникот е во потрага по нов клуб, а како најголем фаворит се споменува Џенова, на нашиот Горан Пандев. Пато во италијанската Серија А го носеше дресот на Милан, од каде замина пред седум години и се врати во родниот Бразил.

Покрај Џенова заинтересирани за неговите услуги се и Специја и Монца. Пато за Милан забележа 117 настапи на кои постигна 51 гол.

Се вчитува...