Алексис Санчез пристигна на „Олд трафорд“

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез пристигна во Манчестер и се упати кон „Олд трафорд“ каде ќе го потпише договорот со својот нов клуб. Тој доаѓа во Јунајтед во размената со која Хенрик Мхитарјан заминува во Арсенал, а се очекува да стане најплатениот фудбалер во Премиер – лигата, со неделна плата од 430.000 фунти.

Санчез со приватен авион претпладнево долета во Манчестер и замина на медицински прегледи во базата Карингтон, по што и официјално треба да ја добие „седумката“ и да се стави на располагање на менаџерот Жозе Мурињо.

Се вчитува...