Алексис Санчез сака да си замине од „Олд Трафорд“

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез сака да го напуши Манчестер Јунајтед, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Шпанија. Тој во минатото го носеше дресот на Барселона, а сега би можел да биде големо засилување за Реал Мадрид. Во опција за негов ангажман се и Атлетико Мадрид и Валенсија.

Алексис Санчез не е задоволен од статусот во Манчестер Јунајтед и сака да си замине од „Олд Трафорд“. Раководството на клубот најверојатно и нема да му прави големи проблеми, со оглед дека дојде без отштета од Арсенал, но има огромна плата од 15 милиони евра годишно. Доколку замине, тоа сигурно ќе отвори голем простор за Оле Гунар Солскјер да донесе нов напаѓач во тимот.

Чилеанецот денеска беше стартер во триумфот од ФА Купот против Ридинг, асистираше при вториот гол на Лукаку, но во второто плувреме повторно се пожали на повреда и мораше да биде заменет.

Се вчитува...