Алексовски: Шкупи не е непобедлив, Куп-натпреварите секогаш носат неизвесност

Триумфот над Силекс е зад фудбалерите на Работнички, со оглед дека веќе утре следи нов голем предизвик – дуелот против Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, во четвртфиналето на Купот на Македонија.

Голманот Игор Алексовски успеа да ја сочува мрежата на претходниот меч со Силекс и посакува идентичен епилог и на утрешниот меч.

„Купот е специфичен, победник мора да има и во еден натпревар нема многу простор за грешки. Свесни сме за тоа, знаеме и дека против себе имаме квалитетен тим каков што е Шкупи, но сигурно дека не се и непобедливи. На почетокот на првенството ги победивме токму на „Борис Трајковски“, а потоа загубивме на Чаир. Ќе биде тешко, но максимално сме фокусирани и мотивирани и веруваме дека можеме да ја оствариме целта. Во Купот е важно да одиш во следната рунда и сигурно дека ќе сториме сѐ да стигнеме до полуфиналето“ – вели Игор Алексовски за официјалната интернет страница на клубот.

Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи е закажан за утре, со почеток во 13 часот, на стадионот Борис Трајковски“, а ќе го суди Крумислав Ѓоргиев од Штип.

Се вчитува...