Алексовски: Убаво е кога знаеш дека можеш да се надигруваш со најдобрите

ЕКИПА во Гдиња,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Македонија на дуелот со Србија стигна до првиот историски бод на едно Европско првенство, играјќи 2-2 против селекцијата на северниот сосед. Можеме да жалиме и за триумфот, со оглед дека примивме гол во 90.минута, но веќе во следната акција и Србите имаа можност за победа, а го погодија дирекот.

Сепак, самото издание на македонскиот национален тим на вториот натпревар на ЕП што се одигра во Бидгошч, дава многу причини за задоволство. Го потенцира тоа и голманот Игор Алексовски.

„Ова е наш дебитантски настап на ЕП. И мислам дека оставаме повеќе од солиден впечаток. Играме со срце, покажуваме максимална желба, конкурентни сме. Преубедливо загубивме од Шпанија и тој резултат беше незаслужено висок, но против Србија покажавме дека можеме да се вратиме и после негатива, и бевме на чекор до победа. Жалиме сите за тој примен гол во завршницата, но сме и горди на тоа што го постигнавме. Сакам да се заблагодарам и на поддршката што ја добиваме од сите Македонци, верувам дека ги оправдуваме нивните очекувања“, вели голманот на нашиот млад национален тим, Игор Алексовски.

  

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum