Али Адем: Шкупи заслужено победи, ајде сега да останеме на врвот на табелата

Шкупи лесно и убедливо славеше над Скопје, триумфирајќи со 4-1 и искачувајќи се на делба на првото место на табелата заедно со тимот на Академија Пандев.

Марјан Радески го отвори резултатот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, на почетокот од вториот дел беа постигнати два гола преку Хамиди и Адетунџи. Токму Адетунџи го постигна и четвртиот гол за Шкупи, како печат на одличното деби во дресот на новиот клуб.

„Одигравме одличен натпревар како тим и апсолутно заслужено ги освоивме трите бода. Во првото полувреме дадовме еден гол, но имавме и бројни шанси. Во вториот дел бевме уште подобри, постигнувајќи уште три погодоци. Напорно работевме на теренот и заслужено стигнавме до победата. Сега треба да се фокусираме на наредните средби и да се задржиме на првото место на табелата“, изјави Адем.

Шкупи во следното коло по репрезентативната пауза ќе му гостува на шампионот Шкендија во Тетово.

Се вчитува...