Али Коч, нов претседател на Фенербахче

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче има нов претседател. На клупските избори беше одлучено бизнисменот Али Коќ да раководи со големиот клуб во наредниот период. Со тоа е прекината доминацијата на Азиз Јилдирим, кој 20 години беше на чело на Фенербахче.

Али Коч е еден од најмоќните бизнисмени во Турција и предводник на компанијата „Беко“, која е еден од спонзорите на Барселона.

По овие претседателски избори во Фенербахче, се очекува во брз период да биде донесена одлука и околу иднината на младиот македонски фудбалер Елиф Елмас. За него се најавува можно заминување на позајмица, а во игра е турскиот клуб Анкарагучу.

Се вчитува...