Алигатор го прекина тренингот на фудбалерите на Торонто (ВИДЕО)

Фудбалерите на Торонто во текот на подготовките во Флорида за мечот од четвртфиналето во КОНКАКАФ Лигата на шампионите со Круз Азул ги посети алигатор. Канадскиотк клуб на својот „Јутјуб“ канал објави видео на кое се гледа како ги посети непосакуваниот гостин.

Иако изненадени фудбалерите на Торонто не го напуштија теренот и гостинот го гледаа од безбедна далечина се додека алигаторот не замина. Торонто на крајот загуби од Круз Азул со 1-3 во првиот четвртфинален натпревар.

 

Се вчитува...