Филип Кузмановски, по двете воведни рунди на Светското првенство 2025, е на врвот, на водечките три позиции, на најдобрите стрелци на шампионатот. Ненад Костески, пак, е меѓу најдобрите ракометари со украдени топки на првенството.
Кузмановски е втор стрелец на Мудијалот со 19 постигнати голови, еден помалку од Холанѓанецот Руџер Тен Велде, кој има 20 погодоци.
Капитенот на македонската репрезентација е на третото место во категоријата „голови+асистенции“, со вкупно 23 (19 гола и четири асистенции) по двата одиграни натпревари. Прв во оваа статистичка категорија е Данецот Матијас Гидсел.
Ненад Костески е меѓу најдобрите во категоријата на украдени топки. Има четири за делба на првото место заедно со Звонимир Срна од Хрватска и Фабио Магаљаеш од Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА