Рома потпишува со десен бек на Ајакс

Рома е пред договор со десниот бек на Ајакс, Девин Ренш, како најново засилување за тимот на Клаудио Раниери за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, договорот е во завршна фаза, а следнава недела се очекува и официјалната промоција на 22-годишниот Ренш во дресот на „волчицата“.

Според најавите, Ренш ќе потпише потпише петгодишен договор со плата од 1,2 милиони евра годишно.

Десниот бек, кој фудбалски потекнува од академијата на Ајакс, на 155 сениорски настапи постигна 10 гола и запиша 12 асистенции.

Се вчитува...