Јувентус за само пет минути со два гола го реши Милан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус ја добија големата дерби пресметка во 21. коло од Серија А, триумфирајќи против Милан сосема заслужено со 2-0, за враќање на победите по претходното реми со Венеција.

По израмнетото прво полувреме, „Старата дама“ до победата дојде со два погодоци во вториот дел.

Најпрво Мбангула погоди во 59. минута за 1-0, а потоа Веа стрелаше во 64. минута за конечни 2-0.


Се вчитува...