ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Холандија во драматичен натпревар славеше над селекцијата на Македонија со 37-32, а во центарот на вниманието на холандската јавност по мечот се најде Ларс Кој, пивотот кој минатото лето дојде токму во мак-ракометот облекувајќи го дресот на Вардар.
„На почетокот од јуни стана јасно дека нема да добијам шанса во Емсдетен и решив да си заминам. Нема премногу избор, добив понуда од Вардар, клуб со кој можев да играм во Лигата на Европа, со тренер кој веруваше во мене. На крајот, прифатив и заминав во Македонија“, истакна Кој.
Пивотот на „лалињата“ беше прашан и за однесувањето на Македонците, по инцидентите што се случија за време на синоќешниот дуел.
„Тоа е сосема поинаков свет и култура. Се што прават, прават со голема страст, дури и во некои разговори ќе помислите дека се бесни едни на други, но тоа е сосема нормално за нив. Можам да кажам дека се отворени и пријателски луѓе, но во спортот, секогаш се е прашање на живот или смрт. Ако победиш си Господ, но по секој пораз си никој и ништо. Нe го разбирам јазикот и не знам што викаат, но можам да кажам дека се фрла со најразлични предмети кон играчите… Морам да потенцирам, атмосферата е фантастична, игравме дерби во Скопје пред 4.000 навивачи, тоа беше специјално, прекрасно искуство“, открива Кој детали од животот во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА