Алими ги напушти подготовките на Работнички во Анталија поради повреда

Новото засилување во таборот на Работнички, Арменд Алими мораше да ги напушти подготовките на тимот во Анталија и итно да се врати во Скопје. Тој заработил тешка повреда на тетивата, поради која мора да направи дополнителни прегледи за да се види тежината на повредата. Првите прогнози не се добри, односно најлошата варијанта е дека Алими ќе го пропушти големиот дел од пролетниот дел од сезоната.

Алими дојде во Работнички како прво засилување оваа зима. Тој требаше да биде засилување во средниот ред на „романтичарите“, но ќе биде лошо доколку мора да паузира неколку месеци. Исто така ќе се знае дали ќе мора да прави операција, или ќе мине без зафат.

Се вчитува...