Алими: Со поддршка од навивачите до триумф против Шериф

Капитенот на Шкендија, Арменд Алими вели дека научена е лекцијата од претходниот меч со ТНС во Велс. Токму поради тоа со максимално мотивирано се очекува утрешниот прв натпревар од 2. квалификациско коло за ЛШ против молдавски Шериф Тираспол.

„Шериф е квалитетен тим, но и нов голем предизвик за нас. Се надеваме дека ќе одиграме на високо ниво, и дека ќе оствариме триумф без примен гол. Армосферата е одлична, поразот од ТНС е заборавен, но секако и лекција за понатаму“ – вели Алими.

Шкендија, ако го мине Шериф, во третото квалификациско коло го чека австриски Салцбург. Но, фудбалерот од средниот ред нагласува дека сега мислите се само кон Молдавците, за Салцбург воопшто не сакаат да размислуваат сега.

„Не размислуваме за Салцбург, сега само Шериф ни е во мислите. Очекувам голема поддршка од навивачите и да се радуваме заедно на утрешниот натпревар со резултат со кој ќе ни остави добра можност за продолжување понатаму во квалификациите за Лигата на шампионите“ – истакна Арменд Алими.

Се вчитува...