Алиоски асистира, Јаховиќ погодува… (видео)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски одигра квалитетен натпревар во триумфот на Лугано од 0-2 на гостувањето против Луцерн во 26. коло од швајцарскиот шампионат.

Алиоски асистираше, по еден убав соло продор, за првиот гол на Лугано кој во 32. минута го постигна Мицраки.

Ofir Mizrachi Goal HD – Luzern 0 – 1 Lugano… by kivancyildirim791

Адис Јаховиќ, пак, продолжува со погодоците во Вторта лига на Турција. Погоди ефектно со глава, постигнувајќи го вториот гол за Гезтепе, во триумфот од 2-1 против Гиресунспор.

Гезтепе, по трите едноподруго порази, повторно е во игра за втората позиција на табелата која води во прволигашкото друштво. Гезтепе е со три бода заостанување зад второпласираниот Сиваспор.

Во шампионатот на Хрватска, Стефан Ристовски и Леонард Жута со победата од 0-3 на гостувањето против Цибалија ја продолжуваат шампионската трка, и натаму со четири бода предност во однос на второпласираниот Динамо Загреб.

Се вчитува...