Алиоски: Дојдовме тука да го повториме резултатот од минатото

ЕКИПА во Тбилиси
Горан Бошев

Македонскиот национален тим, утре во Тбилиси ќе брка „чудо“ и победа со висока разлика за првото место во групата во Лигата на Нации. Мисијата е тешка, недостасуваат неколку играчи, но оптимистички најави доаѓаат од нашиот национален тим.

Езгјан Алиоски, македонскиот репрезентативец на прес-конференцијата кажа дека Македонија е дојдена тука да го оствари резултатот од минатото, и според него не е важно дали мечот се игра пред празни или полни трибини.

„Го знаеме добро овој стадиум очекуваме добра атмосфера. Тоа е историја, сега е нов натпревар, играме повторно за нешто големо, и го знаеме нашиот квалитет. Со навивачи или без нив, одиме да играме фудбал, дојдовме тука да го потвориме резултатот од минатото. Се надевам дека ќе го покажеме квалитетот. Поразот на домашен терен уште не боли, и се надевам дека сега ќе успееме да вратиме со победа“, рече Алиоски.

Алиоски истакна дека мотивација е на високо ниво, и покрај тоа што има неколку отсуства.

„За мотивација нема потреба да се зборува. Мотивацијата е секогаш на високо ниво во репрезентацијата, и треба и ние и младите да имаат поголема мотивација. Сите кои сме тука сакаме успех“, изјави Алиоски. 

Се вчитува...