Алиоски донесе победа за Лидс јунајтед (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го постигна својот седми гол во Чемпионшип – дивизијата на Англија оваа сезона и му донесе триумф на Лидс јунајтед на дуелот против Барнсли (2-1). Алиоски беше стрелец на победничкиот погодок во 50.минута од натпреварот, кога му побегна на својот чувар и налета на центаршутот од левата страна, реализирајќи од непосредна близина.

Алиоски играше до 71.минута кога на негово место во игра влезе Калеб Екубан.

Се вчитува...