Алиоски е во Топ 5 најдобри фудбалери на Лидс според формата во последните шест кола во Премиерлигата

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, согласно прецизните статитистички анализи, е еден од пет најдобри фудбалери во редовите на Лидс согласно формата во последните шест натпревари во Премиерлигата.

Издвојувајќи ги најдобрите показатели во играта на фудбалерите, Премиерлигата ги издвои коефициентите на форма во која игра секој поединец во најсилниот шампионат на Островот. Алиоски со коефициент на форма од 3.0 е четврти фудбалер во Лидс, зад Бамфорд, Далас и Меслие. Посебно се нагласува изданието на македонскиот фудбалер на натпреварот против Арсенал кое е неговото убедливо најдобро во дебитантската сезона во Премиерлигата. Сето тоа веќе води кон продолжување на договорот со Лидс кој му истекува на крајот од сезонава.

Во најдобра форма изминативе шест кола се Сон и Кејн од Тотенхем со коефициент од 9.5 односно 9.3, пред Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед со коефициент од 8.3.

 

Се вчитува...