Алиоски и Лидс до голем бод против Челси (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски и неговиот Лидс стигнаа до голем бод против фаворизираниот Челси играјќи без голови 0-0. „Сините“ од Лондон беа подобар противник. Лидс одлично се бранеше и на крајот успеа да му откине три бода на големиот фаворит во битката за Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски го одигра цел натпревар, а во 71. минута по еден старт заработи жолт картон.

Челси останува на 4. место со 51 бод, додека Лидс во моментов е 11. со 36 бода.

 

 

Се вчитува...