Алиоски и Лидс повторно поразени дома

Езгијан Алиоски и Лидс претрпеа уште еден пораз на домашен терен, овојпат од екипата на Астон Вила со минимални 0-1. Како клучен се покажа голот што Ел Гази го постигна во раната фаза од натпреварот, по што домашните фудбалери и покрај неколкуте шанси не успеаја да стигнат до израмнување.

Македонскиот репрезентативец не беше стартер ниту на оваа средба, влезе во игра во 52. минута, но Лидс сепак не успеа да избегне пораз.

Се вчитува...