Лионел Скалони продолжува да испишува историја со аргентинската репрезентација, откако кормиларот на „гаучосите“ успеа да ја одведе својата селекција до уште една битка за големиот мундијалски трофеј.
Со вчерашниот триумф над Англија, аргентинскиот селектор си обезбеди место во историјата, како само седми во одбраното друштво на кормилари кои имаат две мундијалски финалиња.
Скалони сега е рамо до рамо со Дидие Дешамп (2018 и 2022), Франц Бекенбауер (1986 и 1990), Карлос Билјардо (1986 и 1990), Марио Загало (1970 и 1990), Германецот Хелмут Шон (1966 и 1974) и италијанскиот стратег Виторио Поцо (1934 и 1938).
Она што е интересно, само еден селектор успеал да стигне до две светски титули, и тоа Поцо со Италија на СП 1934 и СП 1938 година. Цели 88 години трае „недопрен“ рекордот на овој легендарен италијански стручњак, пред четири години Дешамп го нападна, но беше запрен токму од Скалони.
А в недела, Скалони со Аргентина ќе успее по 88 години, да стане втор селектор во историјата на светскиот фудбал со две мундијалски титули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
