Ева Митевска утрово настапи во квалификациите на 100 метри на Европското првенство во атлетика за атлетичари и атлетичарки до 18 години, кое се одржува во Риети, Италија.
Нашата атлетичарка и членка на АК Работнички трката ја истрча за 12.40 секунди, поставувајќи нов личен рекорд – најдобар резултат во нејзината досегашна кариера.
Во силна конкуренција од 40 атлетичарки од цела Европа, Ева го освои 35. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
