Кејн: Скршени сме, секогаш толку блиску, а сепак…

Хари Кејн сонуваше да го крене шампионскот пехар на овој мундијал, но Англија беше елиминирана во драматичното полуфинале од Аргентина, по што капитенот на „гордиот албион“ не го криеше разочарувањето од конечниот исход.

„Имавме толку добри моменти на овој турнир, одигравме добри мечеви, стигнавме до уште едно полуфинале. Секогаш говориме дека сме блиску до еден голем успех. Секогаш сме толку блиску, а сепак, не успеваме да го најдеме тоа последно делче од мозаикот што ни недостига токму во ваквите натпревари. Овие турнири се исцрпувачки поради напорот, притисокот и менталното оптоварување. Ние издржавме се досега, но се уште ни недостига тој последен дел“, истакна Кејн.

Тој се осврна и на завршницата на дуелот со Аргентина и последните триесетина минути во кои противникот целосно доминираше.

„Искрено, кога поведовме, пораката беше да продолжиме во ист ритам, да дадеме уште еден гол. Тоа не беше возможно, тие како да заиграа на повисока брзина и веќе не успевавме да ги следиме во дуелите еден на еден, создаваа предност и шанси во нашиот шеснаесетник. Напаѓаа во бранови, ние се браневме со се што можевме, се фрлавме во блокови, за жал не беше доволно“, дополни Хари Кајн.

Се вчитува...