Алиоски и Лидс продолжуваат со одличните игри – Победен Евертон (ВИДЕО)

Езгијан Алиоски со својот Лидс продолжува со одличните изданија во Премиерлигата, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Евертон во 10. коло.

Алиоски го одигра целиот натпревар за Лидс, повторно од првата минута добивајќи ја довербата на Марсело Биелса, за триумфот кој следеше со прекрасниот гол на Рафиња во 79. минута.

 

Лидс по оваа победа се проби на 11-та позиција на табелата со 14 бода.

Се вчитува...