Алиоски изнуди пенал, Линколн стрелаше прецизно за победа на Фенер! (ВИДЕО)

Езџјан Алиоски беше еден од најзаслужните вечерва за новата победа на Фенербахче во минималецот против Сиваспор со 1-0, откако го изнуди пеналот кој Линколн го реализира во 55-та минута.

Македонскиот репрезентатиец изнуди пенал, после кој ривалите беснеат зашто „глумел“ и на стартот надвор од шеснаесетникот се врлил како да го удрил воз, па судијата без дилема како едвај да дочекал да покаже на белата точка.

За Алиоски, кој играше до 83-та минута, ова беше втор меч по ред во турската Суперлига како е стартер, а Фенербахче дојде до петтата победа во низа и се зацврсти на првото место на табелата со 29 бода, пет повеќе од вториот Башакшехир и третиот Галатасарај, кои имаат по 24 бода.

 

 

Се вчитува...