Алиоски: Македонија сега е подмладена, но и оваа селекција има квалитет

ЕКИПА во Истанбул, Турција
Горан Бошев

Турција е следниот тест за Македонија во овој прозорец. Додека домаќинот се подготвува за настап на Мундијалот, нашата репрезентација го подготвува тимот за предизвиците во Лигата на Нации.

Езцјан Алиоски смета дека и оаа селекција иако подмладена, има квалитет да се носи со силни репрезентација како што е Турција. Тој е задоволен од настапот против БиХ, и сега се надева на позитивен резултат и против Турците.

„Секогаш е убаво да се вратам тука каде што играв. Но тоа не значи ништо, затоа што утре е сосем друг натпревар. Се надевам дека публиката ќе ужива. Селекцијата е подлмладена, но и оваа селекција има квалитет што се виде со БиХ. Овие два меча се многу добри мечеви за нас. За брјот 10 кој го носам, сакам да кажам дека не игра бројот, туку играчот. Барди многу ни недостасува, но поради него ја земав десетката, и кога ќе се врати ќе му припадне нему“, изјави Алиоски.

Се вчитува...