Алиоски: Не сакам да шпекулирам што ми кажа Арнаутовиќ… УЕФА има снимки тие ќе донесат одлука

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за натпреварот против Украина кој на програмата е во четврток. Околу расправијата со Марко Арнаутовиќ тој вели дека нормално е фудбалерите да имаат расправа во тек на мечот, но по натпреварот разговарале и се помириле.

Тој вели дека не знае точно што му дофрлил и дека е на УЕФА да одлучи дали треба да се покрене дисциплинска постапка.

„Имавме расправа во текот на мечот. Мислам дека е нормална работа и не е нешто лошо. Добро е што по натпревар разговаравме. Што се однесува до точните зборови не сакам да шпекулирам што кажа. УЕФА ги има снимките и заедно со федерацијата нека одлучат. Во секој натпревар има вакви ситуации. Доколку остане дека има простор за дисциплинска постапка“, вели Алиоски. 

Се вчитува...