Алиоски: Не сакаме да ја расипеме кариерата на Роналдо, но во Порто одиме на победа

Македонската фудбалска репрезентација 90 минути ја делат од пласман на Мундијалот во Катар. По сензационалниот триумф над актуелниот европски шампион, Италија избраниците на Благоја Милевски и гостуваат на Португалција во големото финале, меч кој ќе биде одигран во вторник со почеток до 20 часот и 45 минути.

Во пресрет на дуелот интересна изјава за швајцаркиот „Блик“ имаше Езгјан Алиоски кој вели не сака да расипе ништо во кариерата на Роналдо, но Македонија во Порто оди на победа и пласман меѓу најдобрите репрезетнации во светот.

„Се уште не сме направиле ништо. Исфрливме гигант како Италија, но имаме уште еден чекор кон Светското првенство. Сонуваме за победа во вторник. Ќе дадеме максимум за да си го оствариме сонот. Против било кого ќе бевме аутсајдери, така да не ни е важно тоа. Роналдо игра на врвно ниво веќе дваесет години. Не би сакале да расипеме нешто во кариерата на Роналдо, но ние чекориме кон остварување на нашиот сон. Ние веруваме дека можеме до победа над Португалија“, вели Алиоски.

Се вчитува...