Алиоски: Не се плашиме, Челси нека стравува од нас

Лидс игра одлично против фаворитите за висок пласман сезонава, што е причина за оптимизам меѓу фудбалерите на Марсело Биелса и во пресрет на денешното гостување против Челси. Тимот на Френк Лампард се наоѓа во одлична форма, но Езгијан Алиоски е убеден дека Лидс може да дојде до позитивен резултат ако одигра храбро од почеток до крај, како што тоа беше случај на пресметките со Манчестер Сити, Арсенал и со Евертон.

Алиоски на последните натпревари е стандарден во тимот на Марсело Биелса, а се очекува македонскиот репрезентативец првотимскиот статус да го задржи и

„Добро е што сме во Премиер-лигата, да можеме да се споредиме со формата со гиганти како Манчестер Сити и Ливерпул. Против нив одигравме два одлични натпревари, исто така и при победата над Евертон, како и при ремито со Арсенал. Нема некоја тајна за нашиот успех, играме со желба 90 минути и никогаш не се плашиме од противникот, без разлика кој е од другата страна. Така ќе биде и против Челси, нема да се плашиме од нив, тие нека стравуваат од нас“, изјави Алиоски во пресрет на денешниот дуел на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...