Алиоски повторно сигурен од белата точка за Ал Ахли (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски го запиша и вториот гол за неговиот нов клуб, Ал Ахли откако во мечот против Ал Фатех стрелаше од белата точка за водство на „зелените“ во 15. минута од мечот. Сепак на полувремето резултатот гласи 1-1 откако пет минути подоцна гостите успеаја да го изедначат резултатот.

За Алиоски ова е втор гол од пенал во Саудиска Арабија откако беше успешен и во обидот од белата топка на мечот против Ал Хазем.

Се вчитува...