Алиоски пред мега-пресметката со Германија: Знаеме кој е фаворит, но мора да веруваме во себе…

Македонската репрезентација утре од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ ја очекува мега-пресметката со Германија во 8. коло од квалификациите за СП 2022.

Уште еден дуел со големиот фаворит пред кој огромна е желбата кај македонските репрезентативци за резултатско повторување од Дуизбург иако е јасно дека ќе биде далеку поразличен натпревар.

Во изјава пред денешниот тренинг на арената „Тодор Проески“, еден од најдобрите македонски фудбалери Езгијан Алиоски го нагласи ведрото расположение во националниот тим пред утрешниот меч и отворената цел кај сите фудбалери низ максимално издание уште еднаш пред Европа да се демонстрира македонскиот фудбалски квалитет.

„Јасно е кој фаворит во оваа пресметка, но Германија е секако повторно огромен предизвик за нас. Играме против светска велесила која на секој натпревар влегува како голем фаворит. Но, ние мора да веруваме во себе, мора да го дадеме максимумот и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Секој освоен бод од овој меч многу ќе ни значи за последните два ноемвриски квалификациски дуели во битката за второто место во групата“ – истакна Алиоски.

Се вчитува...