Алиоски пред промоција во Галатасарај

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски е пред промоција во дресот на Галатасарај, тврдат поголемиот дел од турските медиуми.

Алиоски денеска и официјално се раздели од Лидс, нешто што веќе беше најавено уште пред два месеци, а денеска доби само официјална потврда.

Сето тоа ги разгоре шпекулациите околу идниот клуб на левокрилниот дефанзивец, но веќе се издвојува клубот каде Алиоски ќе ја продолжи кариерата. Галатасарај е веќе пред договор, иако во последен момент со посериозни понуди се вклучуваат и Фенербахче и Трабзонспор.

Се вчитува...