Алиоски пред трансфер во Ал Ахли за сума од 4 милиони евра за двегодишен договор!

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски е блиску до договор за продолжување на кариерата во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Ахли.

Откако, се чини, пропадна трансферот во турскиот Галатасарај, сега Алиоски е најблиску до договор со Ал Ахли каде би играл за годишна плата од 1,5 милиони евра, плус бонус за потписот од еден милион евра.

Алиоски во Ал Ахли, доколку се дојде до заеднички јазик меѓу двете страни, би потпишал двегодишен договор.

Како што е познато, македонскиот репрезентативец по завршувањето на договорот со Лидс се одлучи да не ја продолжува соработката со англискиот премиерлигаш. Претходно во кариерата има настапи и за швајцарските Јанг Бојс, Шафхаузен и Лугано.

Се вчитува...