Алиоски: Сакам да останам, но нема ништо ново

Езгијан Алиоски на последните натпревари не само што е стандарден првотимец кај Лидс, туку и се покажува како еден од најдобрите фудбалери во составот на Марсело Биелса. Македонскиот репрезентативец прикажува одлични игри во Премиер-лигата, што би требало да бидат доволна препорака за да добие нов договор од управата на Лидс.

Актуелниот договор на Алиоски истекува на крајот на сезоната, медиумите веќе почнаа да шпекулираат околу висината на новиот договор што ќе му биде понуден (30.000 фунти неделна плата), но нашиот интернационалец истакна дека преговорите воопшто не се во напредна фаза.

„Една работа е сигурна, сакам да останам овде и да продолжам да го носам дресот на Лидс. Се чувствувам добро, тимот игра одлично и се гледам себеси уште долго во овој клуб. Сепак, нема ништо ново кога станува збор за продолжување на соработката“, истакна Алиоски за британските медиуми.

Се вчитува...