Алиоски: Знаеме се за Австрија… фаворити се, но можеме да ги изненадиме

Езгијан Алиоски свесно ја препушта фаворитската улога на селекцијата на Австрија пред неделниот премиерен дуел на ЕВРО 2020.

Двете последни средби на овие две селекции завршија со триумф на Австрија, но Алиоски е убеден дека Македонија ќе има што да покаже на натпреварот во Букурешт.

„Знаеме се што треба да се знае за Австрија, јасно е дека оваа репрезентација е фаворит, има компактен тим што игра физички цврст фудбал. Имаат многу фудбалери во Бундес-лигата, технички се добро потковани и ќе сакаат триумфално да го стартуваат шампионатот. Првиот меч во Скопје во 2019 година го загубивме преубедливо со 1-4, но на вториот бевме поразени со 2-1. Тоа беше дуел на кој им создадовме големи проблеми иако настапивме без неколку првотимци. Ние сме одлично подготвени за ЕВРО 2020, победата над Германија само ни ја крена самодовербата дека можеме да играме против секого. Очекувам тоа да го потврдиме и на овој европски шампионат“, изјави Алиоски.

Се вчитува...