Алкалоид без проблем до победа број шест

Алкалоид останува непоразен по шест одиграни натпревари во Суперлигата откако славеше и на гостувањето кај Куманово со 21-34. Скопскиот тим имаше апсолутна контрола на целиот натпревар, потврдувајќи ја фаворитскта улога против тимот кој се уште го чека првиот триумф во сезоната.

Избраниците на Лазаров го наметнаа своето темпо уште од самиот старт на мечот кога поведоа со 1-8, а продолжија во исто темпо и до крајот. На полувремето Алкалоид имаше двоцифрена позитива од 9-19, а до крајот на средбата истата дополнително се зголеми за победа со 13 голови разлика.

Со девет постигнати голови Гамзардија беше предводникот на Куманово, а исто толку голови постигна и Младеновиќ за Алкалоид.

Се вчитува...