Алкалоид ги повтори истите грешки: Со лоша реализација, не се победува во Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипата на Алкалоид го претрпе вториот пораз во Лигата на Европа, и втор на домашен терен откако во 3. коло загуби од дански Силкерборг со 23-31.

Алкалоид како да не ја научи лекцијата од првиот меч со Војводина, кога промашените шанси беа жестоко казнети од противникот, а исто може да се каже и за вечерашниот дуел.

Добриот почеток и водството од 3-0 беше „прокоцкано“ во само неколку минути, па откако гостите поведоа првиот пат со 5-6, потоа не го испуштија се до самиот крај.

Уште еднаш се покажа дека неискуството и тоа како игра главна улога на вакви натпревари. Алкалоид го плати „данокот“ на тоа неискуство и вечерва, со надеж дека ќе бидат извлечени поуки за следните европски предизвици.

Се вчитува...