Алкалоид ќе мора уште многу да учи, пораз и од Војводина во Нови Сад

Екипата на Алкалоид го претрпе и четвртиот пораз во петтиот натпревар во Лигата на Европа, откако загуби на гостувањето во Нови Сад кај Војводина со 34-29.

Натпреварот во голем дел беше решен уште во првиот дел, кога домашниот тим се стекна со предност од пет гола разлика, која во вториот дел само ја потврди победата, не давајќи му никакви шанси на македонскиот вицепрвак да биде блиску до поволен резултат.

Македонската екипа само еднаш имаше водство на натпреварот, кога водеше 1-2, а останатото се мина во доминација и предност на Војводина. Србите предноста ја направија на средината на првиот дел, кога дадоа три гола по ред, со што стигнаа до предност од + четири, а во финишот и до пет гола предност.

Во вториот дел Алкалоид успеа со три гола по ред да се доближи само до -4, меѓутоа веднаш Војводина се врати на старата разлика, а во еден миг ги имаше и највисоките +8 (33-25).

Тунижанецот Азиз беше незапирлив за Алкалоид со девет гола. Кај Алкалоид Мартин Серафимов со осум беше најефикасен.

Се вчитува...