Ракометарите на Алкалоид стартуваа со очекувана победа против Мулти Есенс од 38-28, на стартот од новата сезона во македонската Суперлига.
Иако со комбиниран состав, Алкалоид воопшто немаше никаков проблем со повратникот во суперлигашкото друштво.
Уште на полувремето фаворитот имаше предност од 16-11, а потоа во вториот дел се беше рутина за конечна победа.
Најдобар стрелец на натпреварот во победничкиот тим беше Дамјан Митев со девет гола, додека голманот Ѓорѓи Николовски заврши со девет одбрани, плус и два гола, а кај Мулти Есенс, Давид Трајковски и Горазд Дамчевски постигнаа по шест гола, додека Стефан Јорданов имаше 11 одбрани.
Ракометарите на Прилеп, исто така, лесно со 38-31 славеа против Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
