Ракометарите на Алкалоид забележаа убедлива победа против екипата на Прилеп со резултат 44-28 во својот прв контролен натпревар од подготвителниот период.
Средбата која се одигра во Маврово, каде што тимот на Алкалоид ги одработува летните подготовки, понуди несекојдневен формат. На барање на стручните штабови, со цел да се тестираат сите тактички замисли, натпреварот се играше во три третини по 25 минути.
Прилепчани и годинава беа првиот спаринг партнер на Алкалоид во оваа фаза. Победникот беше решен уште во првиот дел од мечот кој заврши со предност од 30-19, додека во последната третина Алкалоид само ја запечати победата со дополнителни 14-9 за конечни 44-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
