Алкалоид продолжува перфектно, го совлада вториот тим на Е.Пелистер

Ракометниот вицепрвак Алкалоид дојде до десетата победа во првенството, откако триумфираше на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 со 36-31.

Избраниците на Кире Лазаров наметнаа свој ритам и во текот на целиот меч имаа предност. Младите битолчани на моменти им правеа проблеми на гостинските ракометари, но немаа сили за изнендување.

На полувреме заминаа со шест гола разлика 22:16, но следуваше добра серија на домашните, кои стигнаа до само три поени негатива.

Меѓутоа во финишот Алкалоид се одлепи и на крајот славеше триумф со пет голови разлика.

Мартин Серафимов со осум гола беше најефикасен, додека кај домаќините Митревски постигна седум гола.

Се вчитува...