Алкалоид против Ла Риоха за крај на дебитантската авантура во Европа

Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид вечерва на домашен терен ќе ја пречека шпанска Ла Риоха во последниот меч од дебитантското учество на младиот македонски тим во Лигата на Европа.

Иако со само еден освоен бод и четири порази, сепак младите ракометари на Кирил Лазаров и на овој меч ќе имаат шанса за собирање на дополнително искуство за следните предизвици кои ги очекуваат во кариерата. Тренерот Лазаров вели дека тој и неговите момци ќе се обидат повторно да ја изненадат Ла Риоха како на натпреварот во Шпанија.

„Успеавме да ја изненадиме Ла Риоха на нејзин терен. Ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да го направиме тоа и на домашен терен“, изјави Лазаров. 

Мечот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...